Новак Ѓоковиќ во неделата го победи Јаник Синер со 6:3, 6:3 во речиси беспрекорно одигран натпревар за титулата на АТП финалето во Торино, со што стигна до рекордниот седми победнички трофеј на завршниот турнир во сезоната, а неговиот тренер Горан Иванишевиќ не се сомневаше во таквиот исход.
„Кога Новак Ѓоковиќ влезе во полуфиналето, знаев дека ќе го освои трофејот и дека вистинскиот Ноле ќе се врати“, вели победникот на Вимблдон од 2001 година по неделното финале, мислејќи на „исчезнувањето“ на Новак Ѓоковиќ откако го загуби натпреварот од 2. коло од групната фаза на натпреварувањето, што можеше да го остави без пласман во полуфиналето.
„Тој е најдобриот играч во историјата на тенисот. Но, не е лесно со него кога ќе загуби натпревар. Во средата денот откако загуби од Јаник Синер воопшто не го видовме“, открива Горан Иванишевиќ на прес-конференцијата по победата.
„До четврток не знаевме што ќе се случи, не знаевме дали одиме дома или треба да се подготвиме натпревар. Чекавме и чекавме, а потоа дознавме дека ќе игра. Како и секое друго човечко суштество, тој мора да се справи со неговите внатрешни борби… не е лесно, воопшто не е лесно. Тој е ‘број 1’, тој секогаш сака повеќе, секогаш сака да се подобриме“, додаде тренерот на Новак Ѓоковиќ, кој четири и пол години работи со најдобриот светски тенисер од јуни 2019 година.
По победата над Јаник Синер, Новак Ѓоковиќ изјави дека ова е „една од најдобрите сезони во неговата кариера“. Досега имаше 55 победи и само шест порази, освои три од четирите Грен Слем трофеи, загуби само во финалето на Вимблдон и освои вкупно седум титули. Светскиот „број 1“ изјави дека е горд на тоа како играл натпревари во нокаут фазата против двајца од најдобрите играчи во светот, заедно со него и Даниил Медведев.
Со неговата оценка се согласи и Горан Иванишевиќ, кој посебно го пофали 22-годишниот Италијанец.
„Јаник Синер е се поблиску до Карлос Алкараз. Тој покажа способност да освојува трофеи на Грен Слем турнирите следната година. Не се плаши од никого“, заклучи легендарниот хрватски тенисер.