Горан Иванишевиќ ја тужел ќерка си: „Убавата Амбер го наследила изгледот од мајка си“ (ФОТО)

Горан Иванишевиќ се најде во центарот на скандал кога ги тужел поранешната сопруга и ќерката за станот.
Горан Иванишевиќ , поранешен победник на Вимблдон, а денес тениски тренер, има две деца од првиот брак со манекенката Татјана Драговиќ, ќерката Амбер Марија и синот Емануел , кои се најдоа во епицентарот на скандалот.

Имено, Горан ги тужи поранешната сопруга и ќерката бидејќи сака половина луксузен стан во центарот на Загреб. Амбер е наведена како сопственик. Таа има 20 години, а бидејќи нејзините родители никогаш не ја експонирале премногу пред јавноста и медиумите, малку се знае за неа.

Учела во елитното загрепско средно училиште и се занимава со јавање коњи. Тоа значи дека таа на некој начин ги наследила спортските гени на татко и, само што избрала коњи наместо рекети. Јавачката школа ја започнала во четврто одделение, а учествувала на бројни престижни турнири.

Според Национал, Горан побарал половина од станот и да престане да плаќа алиментација на неговата ќерка.

Да потсетиме, Татјана и Горан биле во брак од 2009 до 2013 година. Покрај ќерката Амбер Марија, тие го имаат и синот Емануел.

Горан моментално е во брак со радио водителката Нивес Иванишевиќ, со која го има синот Оливер.