На седница на Централниот одбор на Движењето ЗНАМ за наша Македонија за шеф на Централниот изборен штаб за локалните избори е избран генералниот секретар на партијата и министер за јавна администрација, Горан Минчев.
Како што информираат од Центарот за комуникации и аналитика на ЗНАМ, партијата вчера го формирала Централниот изборен штаб за спроведување на кампањата за следните локални избори и шефовите на регионалните штабови во сите шест изборни единици.
До крајот на јули ќе бидат именувани сите шефови на општинските штабови и партијата практично од август ќе се трансформира кон штабски начин на работа.