Популарниот пејач Здравко Чолиќ на 30 мај го прослави својот 72 роденден.
По тој повод пејачот приреди интимна прослава во својот дом опкружен со најблиските.
Легендата на југословенската музика добиваше честитки во текот на целиот ден, а меѓу многуте, најважна беше неговата ќерка.
Наследничката на Чола, Уна Чолиќ, на својот Инстаграм профил објави нивна заедничка фотографија под која напиша емотивна посвета.
– Среќен роденден на најдобриот тато! Моја гордост, те сакам – напиша таа и додаде емотикон – срце.
Да потсетиме, Здравко Чолиќ има две ќерки од бракот со сопругата Александра, Уна и Лара за кои често истакнува дека се негова најголема слабост.