Попладнево избувнал пожар во една келија во затворот во Битола потврдија вечерва за телевизија Телма од надлежната служба на Министерството за правда. Првичните неофицијали информации говорат дека пожарот е подметнат од еден од затворените притвореници.
По избувнувањето на пламените јазици затворските чувари веднаш ги евакуирале лицата кои издржувале казни или се во притвор, па почнале со гасење на пожарот. Потоа пристигнале битолските пожарникари и огнот веќе е ставен под контрола.
Притворениците се преместени низ други затвори во државава.
Неколку чувари биле префрлени во болница поради вдишување чад, но немаат посериозни последици.