Ноќеска, околу 40 минути по полноќ, избувна пожар во дворот на фабриката „Драва Интернационал“ во Осиекската населба Бријест.
Според хрватската полиција, гори пластична маса и амбалажа, а околу 50 пожарникари го гаснат пожарот.
Системот за предупредување се огласи за граѓаните на Осиек од 5 часот утринава.
Со оглед на огромните количества чад и гас, се повикуваат граѓаните да ги затворат прозорците и да не излегуваат надвор поради можните штетни ефекти од запалената пластика, пренесува Index.hr.