Гори Далмација, нереални сцени во Сплит, навивачите на Хајдук со факели и невидена еуфорија го дочекаа Ракитиќ, еве ги сите детали на трансферот (Видео)

Спектакуларни сцени на пречекот на хрватскиот ас во Сплит

Навивачите на Хајдук трепереа од еуфорија чекајќи да се врати Иван Перишиќ во претходните години , а деновиве доаѓањето на Иван Ракитиќ ги фрли во состојба на целосна екстаза.

Ракитиќ го раскина богатиот договор со саудискиот клуб Ал Шабаб една година пред истекот и ја прифати поканата од Пољуд да го оствари својот детски сон. Тој потпиша едногодишен договор со опција за продолжување на соработката на уште една сезона.

Тој беше претставена пред многубројните френетични фанови на Хајдук кои со факели и песни направија спектакуларна атмосфера пред Пољуд.

Ја имав оваа желба да играм во Хрватска и нема поубаво чувство од тоа да играш во својата земја. Не е важно во колку часот и каква е тревата, но фантастично е да се игра во ХНЛ за Хајдук. Тука сум да му помогнам на Хајдук и ќе ги примам сите реакции со максимална почит“, изјави Ракитиќ на презентацијата.

Колку еуфорија преовладуваше во Сплит најдобро говорат сцените пред Пољуд. Спортскиот директор Никола Калиниќ во еуфорија го нарече Хајдук „најголемиот клуб во кариерата на Ракитиќ“.

„Воведот е непотребен. Ова е еден од најголемите трансфери во историјата на Хајдук и Хрватска. Играше во големи клубови, освојуваше трофеи, а ова е најголемиот клуб во неговата кариера. Наскоро ќе се увери сам. Нема млади и стари играчи. Или може или не може. Има млади луѓе кои не можат ништо, а има и 36-годишници кои можат многу. Кој ги спречува младите играчи да се наметнат? Тешко е да се игра во Хајдук“ , изјави Калиниќ .

Инаку, Ракитиќ никогаш не играл во хрватскиот клупски фудбал. Роден е во Швајцарија, а кариерата ја изгради во Базел, Шалке, Севиља и Барселона, со кои беше шампион на Европа и стандарден член на легендарната генерација која ја освои тројната круна. Ракитиќ објасни и зошто решил да дојде во Хајдук.

„Кога кумот ми се јави и плачеше од емоции, тогаш се беше кажано. Тоа е чиста одлука на срцето, емоциите, љубовта… Претседателот, директорот и компанијата Томи покажаа дека ме сакаат тука. Кога се појави можноста да дојдам во Хрватска, во игра беше само Хајдук. Жена ми е Шпанка, но ги запозна луѓето, се заљубила во нив… На крајот, тоа е најважното. Да видам среќна жена, деца, кум…“.

Ракитиќ во Хајдук ќе заработува 600.000 евра годишно плус бонуси, а тој фиксен дел од платата ќе го плаќа синџирот супермаркети Томи, кој со години е еден од најголемите спонзори на Хајдук.