Две противпожарни возила со шест пожарникари се уште го гасат пожарот што утринава изби во напуштена куќа зад хотелот „ВИП“ во близина на трговскиот центар East Gate Mall („Ист Гејт Мол“), информира командирот на Противпожарна бригада на град Скопје, Звонко Томески.
Пријавата била добиена околу 08:00 часот, а пожарот, како што изјави Звонко Томески за МИА, се проширил на покривната конструкција. Засега нема информации за повредени лица.
„Ова е напуштена куќа во која ние неколку пати досега сме гаселе пожари. Најверојатно во неа престојуваат бездомни лица кои користат хартија за затоплување поради што дошло до опожарувањето“, вели Звонко Томески.
Дел од медиумите утринав јавнија дека гори хотелот „ВИП“.