Пожар го зафати „Научниот центар Тесла“ во Шорехам во американската сојузна држава Њујорк .
Локалните медиуми наведуваат дека тоа е последната лабораторија што ја оставил познатиот научник Никола Тесла .
Се вели дека населението што живее во близина е депресивно поради овој пожар .
– Лабораторијата на Тесла е целосно зафатена од пламен. Каков страшен пожар. Од тука се чувствува мирисот. Апсолутно страшно – изјави Трејси Фарели.
Полицијата на округот Сафолк соопшти дека добила повик вчера попладне по локално време за пожар во зграда лоцирана на аголот на улиците Робинсон и Тесла во Источен Шорехам.
Од полицијата не соопштија други информации.
This is such a sad day for history. Nikola Tesla’s Wardenclyffe lab in Shoreham on fire. 😢 pic.twitter.com/Sr2Kypq0bL
— 𝐃𝐚𝐫𝐫𝐚𝐧 Ⓜ️ 𝐇𝐚𝐧𝐝𝐬𝐡𝐚𝐰 (@Engineer7601) November 22, 2023
Противпожарната служба на Шорехам потврди дека има пожар , но изјавија дека се уште не можат да го утврдат степенот на штетата.
Fire burning at @TeslaScience Center! #NikolaTesla #Tesla #Wardenclyffe #LongIsland #NY @elonmusk pic.twitter.com/YothInf2GW
— Tesla New York (@TeslaNY) November 22, 2023
Колегите од другите станици дојдоа да им помогнат на локалните пожарникари .