Гори! Путин веројатно останал шокиран кога го информирале за последниот потег на Зеленски: Дали е ова реално?!

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска оцени дека распоредувањето на воени контингенти на партнерските земји во Украина е едно од најдобрите алатки за принудување на Русија на мир.

– Минатата година Франција ја претстави идејата за распоредување на контингент партнери во Украина со цел да се донесе мир. На сите им е јасно – до денес сите цели на (рускиот претседател) Владимир Путин останаа исти. Тој сака целосно да ја уништи Украина и да нè скрши сите нас, и затоа нашата цел е да најдеме што е можно повеќе средства за да ја принудиме Русија на мир – рече тој на отворањето на 25-от состанок на Контакт групата за одбрана на Украина во американската воздухопловна база Рамштајн во Германија, пренесува Укринформ.

Зеленски посочи дека има позитивни сигнали од некои партнери на овој план, особено од Велика Британија.

– Мораме да понудиме навистина силни алатки – нагласи украинскиот лидер.

Тој додаде дека е убеден дека контраофанзивната операција на одбранбените сили на Украина во областа Курск во Русија е една од најголемите победи на Украина од почетокот на војната во целосен обем.

– На пример операцијата Курск. Ова е една од нашите најголеми победи, не само минатата година, туку и за време на војната. Русија мораше да повлече речиси 60.000 војници од украинскиот фронт за да одговори на тоа – рече Зеленски, додавајќи дека украинските војници веќе пет месеци држат тампон зона на руска територија.

– Многу руски закани и силни изјави се покажаа како блефови, особено откако Украинците влегоа во регионот Курск. И сигурен сум дека уште повеќе од нивните закани ќе испаднат како блефови ако сите заедно работиме уште повеќе за да ја принудиме Русија на мир – рече украинскиот претседател.

Денеска се појавија делови од интервјуто на Зеленски со познатиот подкастер Лекс Фридман – што се случи со Лукашенкo?

Во разговорот се осврна на неизбежната војна во Украина. Зеленски ги откри деталите за тоа како изгледало утрото на 24 февруари 2022 година.

– Моите деца спиеја, а јас не. Околу 04:00 или 3:45 почна ракетниот напад – објасни Зеленски, а потоа откри информации што ќе ги разбрануваат духовите во Москва.

– Неколку дена по почетокот на инвазијата разговарав со Лукашенкo по телефон. Тој се извини и рече дека не е негова вина. „Ракетите беа лансирани од моја територија, но Путин ги лансираше“, рече тој – откри Зеленски.

– Ова не сум јас, јас не сум одговорен за ова, тоа го нареди Путин – рече Зеленски и додаде дека имал сведоци на разговорот.

– Му кажав дека и тој е воен злосторник и дека е виновен за војната, но Лукашенко изговори дека не може да се бори против Русите – рече Зеленски и откри дека Лукашенко понудил неверојатен предлог.

– Добро, тогаш врати ни ја рафинеријата за нафта Мазир. Го прашав и за гранатирањето – рече Зеленски.

Разговорот меѓу двајцата претседатели се случил на вториот или третиот ден од војната.

Набрзо дојде реакцијата на Минск на наводниот разговор. Како што пишува Business Insider, портпаролката на Лукашенко, Наталија Ајсмонт, изјавила дека белорускиот претседател никогаш не се извинил.

– Претседателот на Белорусија не му се извини на Зеленски само затоа што нема за што да се извини – изјави Ајсмонт за RBC News.

Ајсмонт потврди дека разговорот навистина се случил, но оти отишол во сосема друга насока.

– Претседателот го опомена Зеленски и му рече дека тој е виновен за инвазијата – откри портпаролката на Лукашенко.

Средбата ја договорил најмладиот син на Лукашенко, кој го зачувал бројот на Зеленски на неговиот телефон .

Белорусија, каде Лукашенко е на власт од 1994 година, прими 30.000 руски војници и голема количина опрема на почетокот на инвазијата. Неуспешниот руски напад врз Киев започна од Белорусија.

Белорусија, транзитна земја за руската енергија до европските земји, во голема мера се потпира на трговијата со Москва, особено откако западните санкции погодија 70 отсто од извозот на Минск во ЕУ во 2022 година.