Голем пожар избувна во саботата вечерта во фабрика за бои во Албанија.
Пожарот избувнал од засега непознати причини, а Министерството за внатрешни работи на Албанија повика да се избегне сообраќајот на автопатот Тирана-Драч-Тирана.
„Голем пожар зафати фабрика за бои на автопатот Тирана-Драч. МВР апелира да го избегнувате автопатот Тирана-Дра-Тирана. Полициски служби и пожарникари се на терен“, се вели во соопштението на Министерството.
Засега нема информации за повредени и жртви.