Горaт мрежите, Блејк Лајвли застана пред олтарот со најпосакуваниот италијанец

Една од омилените холивудски актерки, Блејк Лајвли, повторно облече венчаница, но за снимањето на продолжението на „A simple favor 2“.

Сцената на венчавката се случила во Италија, во гратчето Капри, а на социјалните мрежи стигнале фотографии и видео материјали.

Најголемо внимание во јавноста привлече човекот на кој Лајвли му рече „Јас го правам“. Станува збор за најпосакуваниот италијански актер Микел Мороне, кој ги освои срцата на многу жени со улогата во полскиот еротски филм „365 дена“.

Судејќи по бројните коментари на социјалната мрежа Х, продолжението на филмот ќе биде вистински „рај за очи“, токму поради актерската екипа. Или, подобро кажано, поради италијанскиот заводник.