Во неделата го оставила шетачот во близина на авионот, а други и помогнале да се качи по скалите до местото каде што чекале другите падобранци.
Една 104-годишна жена од Чикаго се надева дека ќе добие сертификат за најстарата личност која некогаш скокнала со падобран по тандем скок во неделата, слетувајќи на аеродром во северниот дел на Илиноис.
„Годините се само бројка“, рече Дороти Хефнер пред воодушевената толпа веднаш откако слета на аеродромот за падобранци во градот Отава, на околу 140 километри од Чикаго, објави Чикаго Трибјун .
Рекордот за најстар падобранец на светот во Гинисовата книга на рекорди во мај 2022 година го постави 103-годишната Линеа Ингегард Ларшон од Шведска. Сепак, Skydive Chicago Airport сака скокот на Дороти Хефнер да биде внесен како нов светски рекорд, објави локалната ТВ станица WLS.
Хофнер за прв пат отишла да скока со падобран кога имала 100 години. Во неделата го оставила шетачот во близина на авионот, а други и помогнале да се качи по скалите каде што чекале другите падобранци.
Првиот пат кога скокнала морале да ја турнат од авионот. Но, во неделата, врзан за инструкторот за скокање со падобран Дерек Бакстер, Хофнер инсистираше прв да скокне.
Изгледаше мирна и самоуверена кога се отвори вратата, пред да го пречекори работ и да скокне. Спуштањето траеше седум минути.
Кога слетала на пистата, пријателите истрчале да и честитаат, а некој и го носел црвениот шетач. Дороти брзо стана, репортерот ја праша како се чувствува повторно на земјата. „Прекрасно. Но и таму горе беше прекрасно. Не можеше да биде поубаво“, рече таа.
По скокот веднаш почнала да размислува за иднината и новите предизвици. Хефнер, која цел живот живее во Чикаго, а во декември ќе наполни 105 години, вели дека следниот чекор можеби е лет со балон.
„Никогаш не сум се возела со балон “, рече таа.