Роденденската забава на контроверзниот рапер Канје Вест беше бизарна во најблага смисла на зборот.
Имено, сите осудија еден многу необичен настан кој ја одбележа оваа забава, а тоа беше моментот кога се сервираше суши на тело на гола жена.
„Да се третира жената како чинија е мизогинија“, беше највпечатлив коментар на Твитер.
„Секој ден е сè почудeн и почуден“, беа само дел од коментарите посветени на познатиот рапер, кој сега сите мислат дека тоа е мизогинист по овој потег.
На оваа бизарна роденденска прослава била и ќерката на Канје Вест и Ким Кардашијан, Нор Вест (9), а раперот има уште три деца со Ким, со која се разведе во 2022 година, осум години по венчавката.
Во еден момент беше забележана и неговата мала ќерка како зема суши, но не од гола жена, туку од чинија.