Сопственикот и прв човек на воената група Вагнер, Евгениј Пригожин, зборуваше од градот Бахмут, каде во строгиот центар на градот се водат жестоки битки меѓу борците од неговата формација и украинските војници.
Тој објави видео порака од зграда каде се слушаат звуци на детонации и ја сподели веста дека тој ќе се кандидира за претседател на претседателските избори во 2024 година.
Сепак, не како што некој би помислил за претседател на Русија, Пригожин ја официјализираше својата кандидатура за следната 2024 година за претседател на Украина.
„Давам многу важна изјава. Решив да се кандидирам за претседател на Украина. Ако победам на изборите, тогаш се ќе биде во ред“, изјави Пригожин во видео пораката.
Инаку, во 2024 година, доколку немаше војна во Украина, требаше да се одржат редовни претседателски избори.
Сепак, ситуацијата значително се промени и се сврте, бидејќи Володимир Зеленски стана непријател број 1 за Русите, исто како што Владимир Путин стана непријател број 1 за него и Украинците.
И додека војната во Украина трае долго време, јавно не се зборува за изборите во Украина, но руската страна веќе емитува такви изјави, иако неофицијално, дека во случај Русите да ја окупираат цела Украина , вклучувајќи го и Киев, таму би поставиле свој човек.
Според некои информации, тоа би требало да биде пребегнатиот поранешен претседател на Украина, Виктор Јанукович, на кој Москва не смета многу во периодот, но во повеќето извори го фаворизираат Виктор Медведчук, кој на почетокот на есента беше разменет за војници од батаљонот Азов кои беа заробени во Мариупол.
Како што беше објаснето во тоа време, Медведчук одиграл голема улога досега во инвазијата.