Првиот човек на групата Вагнер, Евгениј Пригожин, објави видео во кое тврди дека знае за украинскиот план, чија цел е – „да се зададат три удари и да се ослободи територијата до границите од 1991 година“.
Истовремено наведува дека Украина концентрирала 200.000 војници во регионот Донбас, од кои 80.000 се во близина на градот Бахмут.
„Плановите вклучуваат инвазија на регионот на Белгород, кој би се користел во замена, потоа пресекување на на регионите ДНР и ЛНР на два дела и конечно ослободување на полуостровот Крим“, посочува Пригожин во видеото објавено на социјалните мрежи.
„Што прави непријателот ? Пролетта доаѓа. Земјата се суши, дува ветер, температурата e од 15 до 18 степени. Сето тоа ќе овозможи поминување на тешки возила низ теренот. Украинците добија голем број различни возила од НАТО, оклопни возила и тенкови за кои сите зборуваат. Подготвија 200.000 резервисти. Тие ќе бидат концентрирани на различни места“, вели Пригожин, а потоа објаснува како тие ќе стигнат во Белгород и како границата помеѓу Белгород и Харков треба да се „зајакне“ за да биде непробојна од Украинците.
„Потоа ќе се обидат да ја пробијат линијата Сватове–Кремин за да стигнат до Валујки. Трето, ќе се концентрираат на Бахмут за да ги нападнат руските формации, да ги деморализираат силите и да добијат предност, а по заземањето на Бахмут ќе го отворат патот напред. Група од 80.000 војници е концентрирана околу Бахмут и држејќи ја оваа линија тие можат да се обидат да ги отсечат единиците на Вагнер. Кога ќе го направат тоа, ќе отворат дупка од 30 до 40 километри каде што ќе можат да се концентрираат. Тие ќе се движат во неколку насоки во исто време – одоздола до Лисичанск–Северодоњек, обидувајќи се да го пресечат патот меѓу двете републики (ДНР и ЛНР) на два дела. Потоа ќе се концентрираат околу Днепар и ќе се упатат кон Запорожје и ќе извршат неколку удари за да ги добијат Берџанск, Мелитопоље и Мариупоље, со што ќе го блокираат полуостровот Крим. Потоа ќе одат до мостот на Крим и ќе ја турнат ситуацијата до границите од 1991 година“, заклучува Пригожин во видеото објавено на социјалните мрежи.