Актуелниот договор на хрватскиот капитен истекува за 41 ден и треба да биде продолжен до јуни следната година
Шпанска Марка и германски Билд пишуваат дека Лука Модриќ бил повикан на средба во просториите на Реал по поразот од Манчестер Сити и треба да остане уште една година. Сепак, сега, според нивните информации, ситуацијата драстично се менува, финансиските услови остануваат исти, но статусот во тимот сега значително се менува. Англискиот играч за врска Џуд Белингем треба да биде новото засилување на кралскиот клуб во летниот преоден рок и да биде платен 120 милиони евра. Со таа сума би требало да стане најскапиот играч на шпанскиот гигант и ќе го собори рекордот на Еден Азар кој на Челзи му беше платен за 115 милиони евра.
Весникот близок до Реал, АС, пишува дека тоа што Реал договорил се со Белингем не ги менува плановите за продолжување на договорите со Модриќ и Крос, кои, според овој извор, веќе се договорени. Сепак, Дејли Телеграф открива дека Белингем го избрал Реал наместо Сити бидејќи на Бернабеу му гарантирале дека тој ќе биде носител во следната деценија, што значи дека автоматски е пред Модриќ и остатокот од средниот ред.
Заедно со англиската ѕвезда, предводници на тимот од следната сезона треба да биде француското дуо Камавинга – Чуамени. Белингем би требало да има годишна плата од 25 до 30 милиони евра, со што би бил на второто место на најплатени.