Колумбискиот напаѓач Џон Дуран беше најголемата ѕвезда во зимскиот преоден рок, откако го направи најскапиот трансфер во текот на јануари, а вечерва блескаше на првенственото деби за својот нов клуб. Дуран за 77 милиони евра од Астон Вила се пресели во Саудиска Ал-Наср, за која вечерва на дебито во саудиската Премиер лига постигна два гола.
Дуран одигра брилијантно во победата на Ал-Наср над Ал-Феих од 3-0, постигнувајќи два гола, засенувајќи го Кристијано Роналдо, кој постигна еден гол.
Дуран најпрвин погоди во 22. минута со брилијантен и одмерен удар од работ на шеснаесетникот, а во 72. минута го удвои водството на Ал-Наср на 2:0. Потоа брилијантно го совлада голманот и ја испрати топката во голот.
На 3:0 зголеми Кристијано Роналдо во 74. минута и тоа се покажа како конечен резултат на натпреварот.
Дуран одлично ја започна својата сезона во саудиската Премиер лига, откако претходно играше за Ал-Наср на еден натпревар од азиската Лига на шампиони.
Ал-Наср моментално е третопласираната екипа на табелата во саудиското првенство со 41 бод, додека лидерот Ал-Итихад има осум бода повеќе.