На познатиот аргентински фудбалер Лионел Меси му се случило да не знае едно правило од спортот што го игра. На натпреварот помеѓу Интер Мајами и Монтреал се случи токму тоа.
Во натпревар во кој неговиот Мајами успеа да направи пресврт иако губеше со 2:0.
До крајот на мечот соиграчите на Меси Рохас, Суарез и Кремачи успеаја да донесат триумф (3:2), но повеќе се зборува за тоа како магионичарот од Росарио не бил запознаен со едно правило отколку за самиот пресврт.
Имено, на Меси му помогнале лекарите, по што го напуштил теренот, но кога сакал да се врати, судиите не му дозволиле.
Во МЛС лигата е правило според кое фудбалерот мора да остане надвор од теренот две минути доколку му биде укажана лекарска помош.
Аргентинскиот ас беше воодушевен и кратко прокоментира:
– Со вакво правило сите губат – изјави Аргентинецот.
Со ова правило во МЛС сакаат да ја намалат можноста фудбалерите да крадат време.