Мајката на напаѓачот во интервју за хрватските медиуми открила дека го молела докторот да не и’ го пушта синот дома.
Да потсетиме, 19-годишник утринава влегол во основното училиште во Пречко и убил еден ученик, со нож ја ранил наставничката и уште тројца ученици.
-Тој е емотивно нестабилна личност, покрај тоа има две дополнителни дијагнози – вели потресената мајка.
-Утринава тато го однесе во девет часот во дневната болница, тој пак почна да оди во тие дневни болници. Беше на психијатрија неколку пати. Пред месец и половина ме зароби мене и мајка ми во станот, ни ги зеде телефоните, клучевите и пак заврши во Јанкомир – рече таа.
– Докторот ладнокрвно го пушти да излезе за да можеме да се грижиме за него. Ноќта спиевме во страв, направивме сè што можевме за да го спасиме тоа дете. Ја напуштил дневната болница и зел нож и направил што направил. Не знам зошто го направи тоа, пред пет години отиде во тоа училиште. Не знам која е причината. Слушнав дека и самиот се избодел – додала таа.
После тоа побегнал во блискиот Здравствен дом и се обидел да си го одземе животот во тоалетот.
Полицискиот министер Божиновиќ изјави дека се работи за лице кое е психички нестабилно и има историја на лекување од психички проблеми.