Го надминал ограничувањето на брзината од 27 км/ч, па добил казна од 92.700 евра! Еве како властите ја смислиле неверојатната сума

Неименуваниот милионер од Швајцарија , инаку француски државјанин кој живее во оваа земја дваесет години, се најде на мета на законот.

Тој ја пречекори дозволената брзина во населено место и доби казна од која секој од нас ќе се онесвести.

Обвинителот немаше дилема

Жител на Лозана, чие богатство се проценува на неколку стотици милиони евра и кој е на листата на 300 најбогати во земјата, бил фатен во август 2024 година како вози со 77 км/ч на делница каде што ограничувањето е 50 км/ч, објавува 24heures.

Судските органи немаа дилема при одредувањето на казната. Обвинителот пресмета условна казна согласно законот – 40 дена казна, во износ од 2.060 евра дневно, како и еднократна парична казна од 10.300 евра.

Затоа, 82.400 плус 10.300 евра се еднакви на – 92.700 евра!

Не му е прв пат

Локалните медиуми објавуваат дека ова не е прв пат тој да биде казнет за пребрзо возење. Пред осум години, тој беше казнет и со 61.800 евра, плус еднократна казна од 10.300 евра.

Портпаролот на јавното обвинителство, Винсент Деруен, објаснува дека санкциите во Швајцарија се одредуваат врз основа на личната и финансиската состојба на сторителот:

„Судијата ја одредува висината на дневната казна, почнувајќи од минимум 31 до максимум 3.090 евра, земајќи ги предвид приходите, имотот, начинот на живот, семејните обврски и егзистенцијалните потреби“, рече тој.

На овој начин, судскиот систем се обидува да обезбеди еднаквост пред законот – бидејќи казна од 300 евра за обичен граѓанин и казна од 82.000 евра за мултимилионер можат да имаат ист ефект на одвраќање.