Кога станува збор за брзи и лесни начини да се ослободите од запек, исхраната е клучна.
Листата на храна која помага при запек вклучува кефир, брокула, мешунки и јаткасти плодови. Сепак, сливите се особено популарна опција. Според една студија од 2011 година, вклучувањето на ова овошје во нашата исхрана е една од првите работи што треба да ги земеме предвид доколку имаме проблеми со варењето.
Сувите сливи се богати со нерастворливи влакна и сорбитол, кои се одлични за лекување на запек. Покрај тоа, придобивките од сувите сливи можат да ги почувствуваат дури и луѓето кои не сакаат да ги јадат, бидејќи сокот од сливи се покажал исто толку ефикасен.
Студијата од 2018 година покажа дека сувите сливи помагаат при здрави движења на дебелото црево. Научниците истражувале како сувите сливи можат да влијаат на гастроинтестиналната функција на една личност, фокусирајќи се на тоа како потрошувачката на сливи може да ја промени фреквенцијата на столицата и тежината.
Резултатите покажале дека сувите сливи значително влијаат на фреквенцијата на столицата, особено кај луѓето на кои им недостасуваат влакна во исхраната и имаат дигестивни проблеми.
Јадењето сливи помага да се подобри нивото на „добриот“ HDL холестерол
Освен тоа, истражувањата покажаа дека сувите сливи можат позитивно да влијаат на нивото на холестерол и на ризикот од одредени сериозни болести. Неколку студии презентирани на годишниот состанок на Американското здружение за исхрана во 2023 година покажаа дека консумирањето сливи помогнало да се подобри нивото на „добриот“ HDL холестерол кај мажите над 56 години.
Исто така, резултатите од студијата од 2021 година сугерираат дека жените во постменопауза кои консумираат помеѓу 50 и 100 грама сливи дневно може да доживеат намалување на вкупниот холестерол, оксидативен стрес и воспалителни маркери, а со тоа ги намалуваат шансите за кардиоваскуларни болести.
Тоа го поткрепуваат наодите од прегледот од 2013 година, кои нагласуваат дека конзумирањето на сливи може да придонесе за чувството на ситост, што го спречува прејадувањето. Ова за возврат може да го намали ризикот од кардиоваскуларни болести, како и веројатноста лицето да стане дебело или дијабетичар.