Го нарекуваат градот кој е заљубен во кафето! Има најмногу кафулиња во светот

Шангај во Кина е град со најмногу кафулиња во светот, а воедно и место со најголем број кафулиња.

Шангај ги надмина Токио и Лондон на листата на градови со најмногу кафулиња . Во финансискиот главен град на Кина, кафулиња се наоѓаат на секој агол. 

Шангај го нарекуваат градот кој има љубовна врска со кафето. Тоа го докажуваат жителите на овој град, кои обожаваат да поминуваат време во кафулиња, со пријателите и членовите на семејството.

Кафеанската култура овде се развива со години, а денес конкуренцијата навистина стана жестока.

Властите во Шангај велат дека во градот има повеќе од 8.000 кафулиња. И извештајот на Шангајскиот меѓународен фестивал за култура на кафе забележа 9.553 кафулиња на крајот на 2023 година.

Донг Ксаоли, сопственик на мало кафуле во Шангај, рече дека не е лесно да се води сопствено кафуле.

– Инвестициите во однос на заработката се страшни. Мора да купите скапи машини и да вложите многу пари во декорацијата. „Заработувате многу мали суми пари во споредба со другите индустрии “, рече таа. 

Кинескиот пазар на кафе е жестоко конкурентен со нови кафулиња што се отвораат секој ден. За да се истакнат, кафулињата мора да изгледаат привлечно и да нудат уникатни, а понекогаш и необични вкусови на кафе.

Да се ​​биде виден во кафуле во Шангај се смета за хип и урбан. Одењето во кафулиња е популарно меѓу сите генерации. Кафулињата се центар на општествениот живот, место каде што многу млади луѓе одат да се дружат и да уживаат во разговорот со пријателите. 

– Шангај одамна е меѓународен трговски град: одамна почнавме да пиеме кафе. А помалите градови постепено ќе добиваат различни видови кафулиња – изјавил еден од жителите на Шангај, пренесува BBC.