„ГО НАХРАНИВ, МУ ГИ СМЕНИВ ПЕЛЕНИТЕ И ДОЈДОВ“ Првото појавување на Шерифовиќ на црвениот тепих откако стана мајка

Марија Шерифовиќ пристигна на премиерата на филмот „Недеља “, а во таа прилика за медиумите откри дека не и било лесно да се раздели од синот Марио.

Како што прво истакнала, едвај успеала да се организира и да дојде да го гледа филмот за Џеј. Неа ја придружуваше Јована Пајиќ.

– О, тешко ми беше да се организирам и да дојдам . Добив покана и карти, па дојдов со моите пријатели. Искрено се надевам дека направија филм кој е достоен за неговиот талент, неговиот живот, и неговата душа – рече таа.

Сепак, Марија смета дека е тешко филмот да го прикаже сето она што Џеј го претставувал.

– Тешко е филмот да покаже што бил, но неблагодарно е да коментирам нешто што не сум го видела. Работев чуда за да дојдам овде – изјави Марија.

На Марија и е мило што некои работи за Џеј никогаш нема да бидат познати.

– Има тесен круг на луѓе кои го знаат она што многумина никогаш нема да го дознаат. И мило ми е што е. Сепак, некаква интимност мора да постои – истакна таа.

Марија признава дека сепак е можно да се сокријат некои работи во денешно време:

– Ако сакаш, се е можно.

Пејачката неодамна стана мајка, а тешко и беше да се раздели од синот.

– Верица е со него. Го нахранив, му ги сменив пелените и дојдов – рекла таа.