Го освои Светското првенство па ја остави девојката поради популарност !? Аргентинскиот фудбалер го ‘скрши’ срцето на поранешната поради нивна заедничка пријателка – голема љубовна драма

Фудбалерот на Брајтон, Алексис Мекалистер има нова девојка односно блиска пријателка на неговата поранепна со која ја прослави титулата на Светското првенство во Катар.

На неодамнешната венчавка на аргентинскиот фудбалер Лаутаро Мартинез, беше откриено дека Ромелу Лукаку бил во врска со американската раперка Меган Т. Стелион, но тоа не е единствениот тазе брачен пар кој бил „разоткриен“. Светскиот шампион со Аргентина, Алексис Мекалистер ја потврди врската со Ајлена Кова, односно тие двајца прв пат се појавија во јавноста откако латиноамериканските медиуми почнаа да шпекулираат дека тие се заедно.

Алексис Мекалистер (24 г.) раскина со Камила Мајан, која го бодреше за време на Светското првенство во Катар и со него на теренот го прослави освојувањето на Светското првенство, но само седум дена по големата прослава – раскинаа бидејќи фудбалерот веќе беше во „каша“ со нова девојка.

Аргентина ја победи Франција на 18. декември, а тој на 24. декември ја напушти Камила Мајан. Причината за паузата беше големата популарност на неговата девојка, која на социјалната мрежа Инстаграм ја следат околу 400 илјади луѓе“, изјавила аргентинската новинарка Марсела Таура, која исто така откри дека фудбалерот започнал нова врска два месеци подоцна кога започнал романса со нивната заедничка пријателка.

Тоа беше предавство. Сè што се случи, не можев ни да замислам во мојот најлош кошмар. Никогаш не можев да замислам толку многу лоши работи за една личност како неа“, рекла Камила Мајан, која патем се уште ги чува фотографии со фудбалерот од финалето на Светското првенство

Алексис МекалистерАргентинаживотљубовфудбал