Човекот кој вечерва направи хаос на аеродромот во Хамбург го паркираше своето Ауди веднаш под авионот кој требаше да полета. Полицијата соопшти дека според последните информации во автомобилот има најмалку две лица, од кои едното дете и дека проверуваат дали во возилото е и другото дете. Како што изјавија, ситуацијата во моментов е статична и сите екипи се на терен.
Според портпаролот на полицијата Томас Гилберт, мажот фрлил два молотови коктели од автомобилот и испукал неколку истрели од автомобилот.
Како што пишува германскиот весник, непознат маж кој управувал Ауди без регистарски таблички ја пробил безбедносната бариера на северната капија и удрил во платформата.
Непосредно пред безбедносните сили да го забележат напаѓачот на аеродромот, неговата сопруга ја алармирала полицијата велејќи дека нејзиниот сопруг брза кон аеродромот со децата.
Авиосообраќајот веднаш бил прекинат, а на местото на настанот пристигнале голем број полицајци.
Мобилизирани се сите безбедносни сили, а над аеродромот ќе летаат хеликоптери.
Аеродромот во Хамбург ги информирал своите патници дека сите планирани летови за вечерва се откажани и дека патниците треба директно да контактираат со авиокомпаниите за какви било информации.
Од полицијата потврдија дека успеале да остварат контакт со осомничениот.