Човекот кој вечерва направи хаос на аеродромот во Хамбург го паркираше своето Ауди веднаш под авионот кој требаше да полета. Полицијата соопшти дека според последните информации во автомобилот има најмалку две лица, од кои едното дете (4) и дека проверуваат дали во возилото е и другото дете. Како што изјавија, ситуацијата во моментов е статична и сите екипи се на терен.
Според портпаролот на полицијата Томас Гилберт, мажот фрлил два молотови коктели од автомобилот и испукал неколку истрели од автомобилот.
Der Hamburger Flughafen wurde geschlossen, nachdem ein Mann mit einer Waffe mit seinem Auto durch ein Tor gekracht war und weiter zum Rollfeld fuhr.
— Raad ☀️ (@hussein74raad) November 4, 2023
Die Polizei bereitet sich darauf vor, den Flughafen zu stürmen. pic.twitter.com/ngOEU6j7sV
Како што пишува германскиот весник, непознат маж кој управувал Ауди без регистарски таблички ја пробил безбедносната бариера на северната капија и удрил во платформата.
Непосредно пред безбедносните сили да го забележат напаѓачот на аеродромот, неговата сопруга ја алармирала полицијата велејќи дека нејзиниот сопруг брза кон аеродромот со децата.
Авиосообраќајот веднаш бил прекинат, а на местото на настанот пристигнале голем број полицајци.
@TheIntelFrog https://t.co/nWJpXKj2ST
— RoINTEL (@RoINTEL) November 4, 2023
Мобилизирани се сите безбедносни сили, а над аеродромот ќе летаат хеликоптери.
Аеродромот во Хамбург ги информирал своите патници дека сите планирани летови за вечерва се откажани и дека патниците треба директно да контактираат со авиокомпаниите за какви било информации.
Од полицијата потврдија дека успеале да остварат контакт со осомничениот.
Го зел детето од прегратките на мајката?
Според новите информации, осомничениот успеал да стигне до авион на пистата со ауди без регистарски таблички.
Се претпоставува дека станува збор за таткото на детето, кој се расправа со сопругата за старателството, пренесува Телеграф.
Според неофицијални информации, во моментот нема патници во авионот.
Авионот под кој осомничениот го паркирал своето Ауди, во кое држи најмалку едно дете, бил полн со патници и подготвен за полетување. Авионот во меѓувреме е евакуиран, потврдија од полицијата, пренесува Телеграф .