ГО ПИЕМЕ ШТОМ НЕШТО НЕ БОЛИ! Сепак, овој лек има повеќе штета отколку корист

Многумина го земаат за главоболки и болки во мускулите.

Се смета дека земањето мала доза аспирин дневно им помага на преживеаните од срцев удар, но за повеќето други луѓе, придобивките од земањето аспирин не го оправдуваат потенцијалниот ризик, според новото истражување.

Многу луѓе земаат аспирин за главоболки и болки во мускулите, додека лекарите долго време препорачуваат на преживеаните срцев удар да земаат мала доза секој ден за да спречат нов срцев удар или мозочен удар или други здравствени проблеми.

Во новото истражување, научниците тестирале дали аспиринот може да спречи проблеми со срцето од самиот почеток, а резултатите од три одделни студии покажале дека тоа не може.

Во едно истражување биле прегледани повеќе од 12.000 пациенти, со умерен ризик од проблеми со срцето, поради високиот крвен притисок и нивото на холестерол или пушењето. Резултатите покажаа дека аспиринот не им користи, можеби затоа што користеле други лекови кои го намалуваат ризикот од срцеви проблеми.

„Ризикот од срцеви проблеми се менува со текот на времето, а таа промена делумно зависи од нас, односно од начинот на кој контролираме одредени причини и симптоми“, вели докторот Мајкл Газиано.

Според резултатите од друга студија, кај повеќе од 15.000 возрасни лица кои имаат дијабетес, ризикот од сериозно крварење се зголемил.

„Откривме дека ризикот од крварење се зголемил за 30 отсто, поради што веднаш одите во болница. Главно поради крварење во желудникот, очите и мозокот. Ако се случи во окото, може да го загрози вашиот вид“, предупредува Џејн Армитаж од Универзитетот во Оксфорд.

И по истражувањето, чии резултати ги објави Европското здружение за кардиологија, советот на лекарот е сè уште ист – аспиринот најдобро им помага на оние кои веќе преживеале срцев удар.