ГО ПЛАТИЈА 75 МИЛИОНИ ЕВРА, А ТОЈ НЕМА ПОСТИГНАТО НИТУ ЕДЕН ГОЛ – Скапото засилување на Манчестер Јунајтед го следи поразителна статистика, а проблемот не е во него !?

По добриот финиш на претходната сезона во која обезбедија пласман во Лигата на шампионите, многумина веруваа дека со неколку добри засилувања повторно ќе го видиме стариот добар Манчестер Јунајтед кој ќе биде меѓу фаворитите за освојување на шампионската титула во Премиер Лигата.

Сепак, тоа не се случи. „Црвените Ѓаволи“ уште еднаш ги разочараа своите навивачи. Во Лигата на шампионите го зазедоа поразителното последно место во групната фаза од натпреварувањето и останаа без европска пролет, а во домашното првенство моментално се на седмата позиција и имаат 11 бода помалку од лидерот Арсенал.

Разочарувачки беа и засилувањата. Сите во клубот имаа големи надежи во данскиот стрелец Расмус Хојлунд, за кого клубот од „Олд Трафорд“ плати дури 75.000.000 евра, но младиот напаѓач не ги оправда очекувањата.

Навистина, својот талент го покажа во Лигата на шампионите каде дури пет пати постигна гол, но се уште нема постигнато ниту еден гол во Премиер Лигата.

Расмус Хојлунд

Сепак, зад поразителниот настап се крие еден неверојатен податок кој го објавија дел од британските медиуми. Аналитичари утврдија дека Данецот е последен на списокот на напаѓачи во Премиер Лигата според додавањата добиени од соиграчите. Имено, на 12 одиграни натпревари во домашното првенство, Расмус Хојлунд ја примил топката во помалку од 150 ситуации. За споредба, првиот голгетер на Тотенхем добил додавање од соиграч во 400 ситуации. Така, можеби ќе овој млад играч ќе дадеше гол ако ја добиеше топката…

Проблемот очигледно не е во Данецот, туку во тактиката што ја постави холандскиот стручњак Ерик Тен Хаг, бидејќи во слична ситуација е и Ентони Марсијал. Французинот е вториот напаѓач на Манчестер Јунајтед на споменатата листа веднаш зад Расмус Хојлунд.

Манчестер ЈунајтедПремиер лигаРасмус Хојлундфудбал