Гризелда Бланко, позната и како кума на кокаинот, чија криминална кариера беше претворена во хит серија на Нетфликс, се обидела да убие еден од нејзините партнери со кој во тој момент била во врска, откако дознала дека ја изневерил.
Поранешниот партнер на колумбискиот нарко бос Чарлс Козби, кој оперирал во Мајами од 1970-тите до почетокот на 2000-тите, сега зборуваше за „This Morning“ за животот со шефот на картелот кој беше убиен во 2012 година.
Чарлс, исто така поранешен дилер на кокаин од Оукленд, Калифорнија, открил дека Гризелда се обидела да го убие откако ја изневерил.
,,Таа се обиде да ме убие затоа што ја изневерував. Таа ангажираше детектив да ме следи и тој ја откри мојата мрежа од лаги, измами и предавства, па таа се обиде да ме убие. После тоа ми прости. Таа ми се извини и сè беше како и обично“, призна Чарлс.
Малку повеќе зборуваше и за атентатот кој го преживеал поради Гризелда и откри дека панцирот му го спасил животот.
,,Бев на околу три километри од куќата на мајка ми во Калифорнија и двајца момци во Mustang ми го попречија патот и почнаа да пукаат во мене. За среќа, носев панцир и тој апсорбира четири куршуми”, рекол тој, а потоа додал:
„Кога разговаравме четири дена по инцидентот, таа ми рече дека е љубоморна. Нејзината работа беше што навистина не сака бели жени a јас излегував со бела жена. Ја изневерував Гризелда со русокоса бела жена со сини очи, па тоа повеќе го подгреa нејзиниот гнев“.
Чарлс исто така истакна дека Софија Вергара, која ја игра Гризелда, завршила одлична работа.
„Имав можност да ги гледам сите шест епизоди. Има некоја фикција, но што се однесува до Софија Вергара, таа одлично ја одигра улогата и сега можам повторно да ја гледам Гризелда Бланко”, изјави тој.
Инаку, на врвот на својата нарко кариера, Гризелда заработуваше 80 милиони долари месечно, а додека беа во врска, му помогна на Чарлс да ги прошири хоризонтите на бизнисот со дрога, правејќи го голем заработувач и правејќи име за себе во нарко индустријата.