Самиа Гил, бремена 22-годишна манекенка од Вашингтон, седела во автомобил паркиран на една од улиците на американската престолнина кога во близина застанал друг автомобил, а двајца мажи скокнале од него и отвориле оган од автоматско оружје.
Автомобилот во кој се наоѓала со машки придружник бил изрешетан, но нејзиниот партнер, кој е татко на детето, сепак успеал да го запали автомобилот и од таму да вози на околу 1,5 километар.
Се наведува дека Гил, која била во осмиот месец од бременоста, веднаш била префрлена во болница каде се породила со царски рез, но набргу потоа починала од раните кои ги здобила.
Полицијата во Вашингтон соопшти дека новороденчето е во критична состојба.
– Нејзиниот партнер се здобил со повреди кои не се опасни по живот – соопшти полицијата.
Нејзината мајка изјавила за телевизиската станица WJLA, локална филијала на ABC, дека Самиа е едно од нејзините седум деца и преку интернет-страницата за донации GoFundMe побарала помош за воспитување на бебето доколку девојчето, по име Зајли преживее.