Го сокрила телото на мртвиот син во барака: Мајката го признала грозоморното злосторство во болничкиот кревет, дедото до смрт го мачел бебето, а потоа… (фото)

Сообраќајна несреќа во американската држава Алабама ја разоткри мрачната тајна на едно семејство, поради која мајката може да заврши доживотен затвор.

Навидум мирното утро во декември се претвори во трагедија откако камион со голема брзина излета од патот и удри во дрво. Несреќата однесе два животи – Стивен Колинс (40), кој беше зад воланот и неговата двегодишна ќерка Рајл, за која инспекторите подоцна дознаа дека не носела појас. Преживеа само свршеницата на Колинс, Венди Бејли (22).

Кобна сообраќајна несреќа ги однесе животите на татко и неговата ќерка.

Итната помош кога интервенирала ја дочекале ужасни сцени, но никој не можел да претпостави дека ќе биде откриен уште поболен случај. Роднината, која живее надвор од државата, постави прашање што ги заинтригира истражителите.

„Каде е Кејлеб? – роднината прашал за едногодишниот син кој никаде го немало. Набрзо било откриено дека момчето не било видено од септември  – повеќе од три месеци пред несреќата.

Тогаш почнаа да излегуваат на виделина шокантни детали, а Венди Бејли направи неколку шокантни признанија од нејзиниот болнички кревет. Младата мајка открила дека татко и’ и испратил фотографии од момчето како виси на јаже. Телото му беше крваво и полно со модринки.

“Не мрда. Жал ми е”, напишал откако ги испратил грозоморните фотографии. После тоа пристигнала нова порака.

„Тој се движи. Само изгледа исцрпено и повредено“, вели тој во друга порака.

Најголемиот шок допрва требаше да дојде.

– Венди им признала на истражителите дека момчето починало, а неговото тело било „фрлено во торба и ставено во барака“.

После тоа телото било пренесено на сè уште непозната локација. И денеска не се пронајдени посмртните останки на малото момче. Во судските документи стои дека Венди не ја известила полицијата откако дознала за екстремните околности и нападот врз нејзиниот син.

Во меѓувреме се појавија болни коментари кои Колинс ги напиша на Фејсбук. Само неколку недели пред несреќата, тој објавувал криптични пораки за својот син.

„Не е добро. Не расте, има големи проблеми со грбот. Му растат органите, но не и телото. Во одреден момент ќе мора да се оперира. Запомнете го во вашите молитви “, напиша Колинс, а пренесе „АЛ вести“.

Таткото на детето оставил чудни пораки на Фејсбук.

Венди беше уапсена на 1 декември. Тaa се соочува со обвиненија за тешка злоупотреба на деца, семејно насилство, злоупотреба на труп и убиство од небрежност.

Таа може да заврши зад решетки доживотно. Обвинет е и нејзиниот татко (55) кој живеел со семејството бидејќи не го пријавил исчезнувањето на Кејлеб, пишува Net.hr.