Го топи салото на стомакот експресно: 3 одлични начини за слабеење со лук

Главите лук, со остар мирис, се нераскинлив дел од кујната, токму затоа што се верува дека овој зеленчук го поддржува имунолошкиот систем и штити од многу болести.

Како што сите знаеме, лукот има хранлива вредност – хранливи и активни соединенија кои можат да помогнат во ублажување на голем број здравствени состојби.

Без разлика дали страдате од низок крвен притисок или настинка, лукот може да биде одличен домашен лек. Изненадувачки, лукот исто така може да ви помогне да ги изгубите мастите од стомакот на одредени начини.

Лукот е полн со витамини Б6 и Ц, влакна, манган, калциум, кои играат клучна улога во губењето килограми.

Според една студија од 2011 година објавена во „The Journal of Nutrition“, екстрактот од лук може да доведе до губење на тежината кај некои жени. Според друга студија, истражувачите откриле дека кога глувците биле хранети со лук осум недели, нивната телесна тежина и процентот на складирање маснотии значително се намалиле.

Покрај ова, лукот може да помогне и во зајакнување на имунитетот, детоксикација на телото и борба против настинки и грип.

Дознаваме на кои 3 начини можете да го користите лукот за слабеење:

Лук со црн пипер

Исецкајте 2-3 чешниња лук во чаша вода и оставете да отстои преку ноќ. Наутро извадете го чешнето лук и додадете прстофат црн пипер. Добро измешајте ја смесата и испијте ја на празен стомак.

Лук со мед

Излупете 2-3 чешниња лук и добро изгмечете ги. Измешајте го издробениот лук и малку мед. Оставете ја смесата да отстои 15-20 минути и потоа изедете ја. Смесата се јаде еднаш дневно.

Лук со сок од лимон

Додадете 2-3 исчистени чешниња лук во чаша топла вода и оставете го да отстои малку. Сега додадете една лажица сок од лимон и добро измешајте ја смесата. Смесата пијте ја наутро на празен стомак.