Полицијата во Украина ја истражува смртта на момчето (14) , кое починало за време на часовите кога пријател случајно го застрелал со дијабола од воздушна пушка.
Трагедијата се случи на 22 ноември во попладневната смена во средно училиште во Ивано-Фраковскиот регион. Воздушната пушка наводно им ја дала наставничката на децата, која потоа ги извадил учениците во ходникот за да гаѓаат цели, што е со закон забрането.
Во еден момент, еден од учениците отишол да ја наполни пушката и потоа пукал, а куршумот ги пробил градите на 14-годишникот кој стоел во негова близина и се закопал во неговото срце. Вработените во училиштето истрчале да му помогнат на детето, но тоа не можело да се спаси.
Додека ја чекале брзата помош, дотрчале лекари од селскиот здравствен дом.
-Детето веќе не даваше знаци на живот. Почнавме масажа на срцето и дадовме инекција за да го подигнеме притисокот, но залудно – изјави Олга Атаманјук, која работи како медицинска сестра во здравствениот дом.
За жал, ниту лекарите од Итната помош не успеале да го реанимираат детето.
– Момчето е застрелано право во срцето, се гледала влезната рана. Ова е шок. Не верувавме дека може да продре до срцето. Мислевме дека е влезна рана и дека детето ќе преживее. Никој не го очекуваше ова – изјави Ирина Лесјук, главна медицинска сестра на локалната болница.
Полицијата дошла да го уапси наставникот, но тој се онесвестил од шокот, поради што бил пренесен во болница.
– Имаше проблеми со срцето и три инфаркти, како и операција на срцето. Тој сè уште не разговарал со родителите на починатото момче. Се очекува да даде изјава во полиција – изјави директорот на училиштето Василиј Космирак, кој рече дека наставничката е под лекарски надзор.
Медиумите јавуваат дека наставничката самоиницијативно организирала часови по стрелање. Кобниот ден собрал околу 15 тинејџери и поставил цели во училишниот ходник за да пукаат со воздушна пушка. Целите наводно биле оддалечени помалку од седум метри.
– При преглед на детето кое го испукало смртоносниот истрел, било констатирано дека го наполнил оружјето и го дал на други ученици да пукаат. Наеднаш момчето се свртело кон жртвата и потоа до пукањето дошло поради невнимателно ракување – соопштија од полицијата.