„ГО ФАТИВ ВО КРЕВЕТ СО МАЖ“ Пејачката откри шокантни детали: „Да имав пиштол со мене, ќе ги убиев и двајцата“

Кога влегла во неговиот стан, затекнала шокантна сцена

Пејачката Мира Шкориќ еднаш ја шокираше локалната јавност кога откри дека го затекнала својот поранешен вереник, германски бизнисмен, во кревет со маж.

Имено, пејачката и две години постариот бизнисмен од Берлин се запознале на прием, каде што таа се појавила како специјална гостинка, и брзо влегле во врска.

Го нашла во кревет со помлад маж

Пејачката се појавила ненајавено во куќата на бизнисменот во Берлин за да го изненади. Меѓутоа, кога влегла во неговиот стан, во кој требало наскоро да се всели, затекнала шокантна сцена – Германецот бил во кревет со помлад маж.

Очите на пејачката потемнеа, таа почна да пцуе и да вика, а нејзиниот вереник упорно повторуваше дека тој е само добар пријател. Таа не му веруваше, го фрли вереничкиот прстен, ја тресна вратата и го остави засекогаш.

 

– О, Боже, мислев дека вакви работи се случуваат само во филмови. Никогаш не сум доживеала таков срам. Толку сум понижена како жена што не знам како да се справам со тоа. Никогаш ни за момент не помислив дека ќе ме изневери со жена, а камоли со маж! Не можам да ја извадам таа слика од главата. Овој свет отиде по ѓаволите – рече еднаш Мира.

– Поради работа, бев спречена да одам во Берлин некое време, иако ме замоли да доаѓам кај него секој ден. Кога едвај успеав да одложам некои обврски, решив да го изненадам. Бидејќи го имам клучот од станот, не му се најавив, а кога влегов… сè уште се тресам! Го фатив со маж! Толку сум повредена и да имав пиштол со мене во тој момент, ќе ги убиев и двајцата! Го фрлив прстенот кон него, се свртев и си заминав. Многу ме повреди, ја изгубив вербата во љубовта – откри Мира во една прилика.