Го чуваше својот идентитет и живот! Ова е мистериозниот човек на погребот на Ранко Ескобар – еден од најмоќните луѓе на подземјето го чуваа луѓе во црно (ФОТО)

Убиството на Ранко Радошевиќ е уште едно во низата брутални убиства поврзани со војната меѓу Шкаљарците и Кавчаните, озлогласени црногорски кланови.

Убиството на Ранко Радошевиќ Шул на 9 март околу 11 часот на бензинска пумпа во Рушње ги остави без зборови сите во српското подземје.

Вишото јавно обвинителство во Белград вчера ги соопшти официјалните детали за убиството: Осомничените млади лица со хируршки маски на лицето, кога ја виделе жртвата на паркингот на бензинската пумпа, ги извадиле пиштолите и испукале неколку проектили кон него додека стоел пред влезот во кафулето. Р.Р. побегнал во кафулето, а осомничениот влегол по него и му испукал неколку проектили во грбот, при што жртвата паднала на подот. Потоа му пришол и од непосредна близина испукал уште еден проектил во неговата глава. После тоа, двајцата осомничени побегнале од местото на настанот со автомобил марка “голф 4” кој го запалиле во населбата Петлово брдо, а потоа се упатиле во претходно изнајмен стан во Нов Белград. Полицијата сомничи уште две лица кои создале услови за извршување на кривичното дело.

Радошевиќ беше погребан на гробиштата во Белград. На неговото последно збогување имаше неколку стотици луѓе, а најголемо внимание предизвика човек кој, како што пренесуваат медиумите, направил “филмска сцена”. Имено, тој бил опкружен со луѓе со црни маски, качулки, очила, од кои некои, според медиумите, носеле и чадори отпорни на куршуми. Се ставија во формација во форма на шпиц, за да го заштитат .

Како што пишуваат српските медиуми, станува збор за Радомир Бобан Бачовиќ, водачот на “кланот Никшиќ”, за кого се вели дека е еден од најмоќните црногорски босови во подземјето, а на чело на “Шкаљарскиот клан” дошол по убиството на Јовица Вукотиќ.

Бачовиќ во својот некролог се прости и од Шул, пишувајќи дека она што повеќе го боли од разделбата е тоа што “мал колбасичар му ја залепил етикетата Ескобар”.

Кој е “малиот колбасичар”?

Бобан Бачовиќ мислеше на уапсениот Дарко Шариќ, кој во меѓународната акција “Балкански воин“ беше означен како водач на најмоќниот клан за прекуокеански шверц на кокаин.

Во младоста овој бос од Плевље беше поврзани со ситни кражби. Против Шариќ е отворено полициско досие во 1991 годин, кога тој и неговиот другар украле чајни колбаси, суџук, салама, еурокрем, суви ребра, сланина и околу 400 кутии цигари од локална продавница. Тоа кумот на убиениот Радошевиќ посебно го истакна во својата проштална порака.

Дарко Шариќ на неговото судење го спомна убиениот Шул. Тој тогаш изјави дека Небојша Јоксовиќ, сведокот соработник, лажел за да го заштити Ранко Ескобар. Како што се пишува – тој прекар го измислил познатиот наркобос затоа што никој никогаш не го нарекол така убиениот, до неговата смрт.

Кој е Бобан Бачовиќ?

Бачовиќ е долгогодишен водач на криминална група од Никшиќ, за која се верува дека тесно соработува со Шкаљарците. Малку се знае за криминалната група од Никшиќ. Членовите на кланот на пошироката јавност најмногу и се познати како бизнисмени, но траги од нив има и во полициската евиденција, па се означени како лица од безбедносен интерес.

Како што објавија некои црногорски медиуми, “според сигурни информации од регионалните безбедносни служби”, Радомир Бобан Бачовиќ и формално стана лидер на ОКГ “Шкаљари” по убиството на Јован Вукотиќ во Истанбул.

Крвавата војна трае со години

Крвавата клановска војна започна во 2015 година со бруталната ликвидација на Горан Радоман во Нов Белград. Тој беше убиен од Лука Старчевиќ, кој беше уапсен во Бразил дури во 2020 година.

Досега повеќе од 50 членови на двата клана загинаа во егзекуции, а оваа “војна” го смени и начинот на ликвидации во подземјето. Имено, за прв пат се изгуби кодексот дека не треба да се избира ниту време ниту место за елиминација на непријателот, па многумина загинаа на јавни места, дури и пред очите на жените и децата.

Кавчаните направија се за да го “обезглават” кланот Шкаљар со убивање на неколку високи членови, но и покрај тоа што главниот дел беше скршен, сега почнаа да ги ликвидираат влијателните луѓе од помалите кланови поврзани со кланот Шкаљар.