Градежништвото не запира ниту на температури над 40 степени

Во македонските градилишта се работи и на над 40 степени. На една од штипските улици денеска напладне се поставуваше врел асфалт, на друга градежни работници растовараа материјали, додека на третата локација се собираше работниот алат.

Надлежните министерства, тоа за здравство и за труд и економија, се уште немаат одобрено мерки и препораки за заштита на работниците од високите температури во овој топлотен бран.

Од „Гласен текстилец“ апелираат веднаш да се преземат мерки за заштита на работниците кои претежно работат во странство.

„Гласен текстилец“ има добиено 15-тина поплаки од работници за претходниот топлотен бран, од кои повеќето се за несоодветна температура во фабриките, иако сите се климатизирани.

Штипските работници реагираат и на автобускиот превоз во кој не се вклучени клима уредите при превозот на работниците.

Во меѓувреме, Институтот за јавно здравје објави неколку совети за граѓаните да се заштитат од топлото време.