Градоначалникот на Истанбул ги повика жителите на метрополата да штедат вода: “Опасноста од суша му се заканува на нашиот град и нашата земја!“

Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, ги предупреди граѓаните да ја користат водата умерено, во услови на жештините и слабите врнежи во летната сезона, објавија турските медиуми.

Градоначалникот истакна дека според Координативниот центар за катастрофи на Истанбулската општина (АКОМ), следната недела во Истанбул не се очекуваат врнежи.

Ги повикувам сите наши граѓани да бидат многу повнимателни и поекономични во користењето на водата. Опасноста од суша му се заканува на нашиот град и нашата земја“, предупреди тој во објава на својот профил на социјалните мрежи.

Нивото на водата во шест од десетте брани што го снабдуваат Истанбул со вода падна под 20 отсто, а нивниот вкупен капацитет е на ниво од 33,58 отсто, објавија пред неколку дена медиумите, повикувајќи се на податоци на Истанбулската служба за водовод и канализација.

Објавените бројки се пријавени како најниски во споредба со истиот период во последните девет години.

водаЕкрем ИмамоглуИстанбулТурција