Во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“, ВМРО-ДПМНЕ денеска во Тетово организираше трибина на тема „Социјални политики против иселување и сиромаштија“. Во воведниот дел на трибината се обратија градоначалниците на Јегуновце и Брвеница, Димитар Костадиноски и Јовица Илиевски, како и Ангел Карапетров, координатор на советничката група во советот на Општина Тетово.
Градоначалникот на Јегуновце, Костадиноски на трибината посочи дека со преземањето на функцијата за периодот од година и половина решено е водоснабдувањето како најгорлив проблем за населените места Жилче и Шемшево. Според него, иако има опструкции, се надминуваат проблемите.
„Во 21-век немаа основни проблеми а тоа е водата и за толку краток период го решивме тој проблем. Голем и важен проект за населеното место Жилче е приклучувањето на фекална канализација и поставување на колекторски систем. Со тоа што го отворивме јавното комунално претпријатие ОЈП Јегуновце почнавме да функционираме. Набавивме и возила, багер, камион, камионет и околу илјада канти за секое домаќинство. Можам да кажам дека Општина Јегуновце успешно и добро се справува, 97% од нашите сограѓани имаат добиено канти“, кажа Костадиновски.
Јовица Илиевски, градоначалникот на Брвеница истака дека сега општината нема веќе долгови.
„Долгото е сведен на нула. Се е расчистено. Повеќе инфраструктурни проекти се направени. Има уредување на плоштад кај црквата во Брвеница, а реконструиран е стадионот. Вратена во функција е спортската сала после пет години и дадена на училиштетот на управување. Поставивме улично осветлување, финансираме 4 клубови, од наш општински буџет. Изградени или реконструинира се вкупно 5000 метри патишта, а има реконструкција и изведба на 4000 метри канализација. Набавени се школски автобус, два камионети и камион за отпад. Наместо печки на дрва во сите училишта сега се користат пелети“, кажа Илиевски.
Карапетров истакна дека како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово поддржале реализација на голем број инфраструктурни проекти. Сега тековно бараат вонредна седница за решавање на проблемот со кучињата скитници
„Ја завршивме улицата Страшо Пинџур, ја завршивме улицата Јане Сандански, улицата Димо Гавровски Кара. Го решивме водоснабдувањето во Фалише и Сараќино, во моментот мислам дека едната бушотина е пуштена и во Фалише и Сараќино пристигнуваат 15 литри во секунда вода, имаме уште една бушотина со 5 литри во секунда и мислам дека и таа ќе биде ставена во систем. Значи со 20 литри вода во секунда, чиста и здрава вода да имаат 8000 жители“, вели Ангел Карапетров, координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во советот на Општина Тетово во воведниот разговор на денешната трибина насловена „Социјални политики против иселување и сиромаштија“.
Советникот Ангел Карапетров кажа дека како советничка група прават добри дела за сите граѓани без разлика на која етничка припадност припаѓаат.