Градоначалничката на Градот Скопјe, Данела Арсовска, денес околу пладне била нападната во општина Чаир, потврдува Министерството за внатрешни работи.
Министерството за внатрешни работи вели дека нападот во Полициската станица во Скопјe го пријавило лице со иницијали А.Ј.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека Арсовска не сакала да го пријави инцидентот и отишла во болницата „8 Септември“.
„На 11.07.2025 година во 12:15 часот, од страна на А.Ј во СВР-Скопје е пријавено дека при вршење работни обврски на улица „Кумбара“, градоначалничката на Градот Скопјe, Данела Арсовска, била физички нападната и дека неколку лица ѝ упатиле вербални закани.
„Таа не сакаше да го пријави инцидентот, по што се упати во скопската болница „8 Септември“ за медицинска помош“, соопшти МВР.