Град Скопје: И покрај притисоците ЈСП ќе сообраќа редовно и во полн капацитет

Од Град Скопје уверуваат дека јавниот превоз од утрово ќе биде редовен.

„Ве известуваме дека и покрај сите притисоци, од утре ЈСП ќе сообраќа редовно и во полн капацитет,“ стои во кусото соопштение од Град Скопје.

Оваа реакција следи по големиот број јавни критики за проблемите во јавниот превоз.