Грант Шепс: “Британски воен брод собори дрон што за цел имал комерцијален брод во Црвеното Море“

Британскиот воен брод „HMS Diamond“ денеска собори беспилотно летало за кое се сомневаше дека за цел имал комерцијален брод во Црвеното Море, соопшти британскиот министер за одбрана, Грант Шепс, на платформата Х (Твитер).

Денеска HMS Diamond собори беспилотно летало за кое се сомневаше дека сака да погоди трговски брод во Црвеното Море. Испукана е една ракета од типот морска змија и целта беше успешно уништена“, напиша Грант Шепс.

Британскиот министер за одбрана додаде дека нападите на бродовите во Црвено Море се закана за меѓународната трговија и поморската безбедност и дека Велика Британија е посветена да ги отфрли таквите напади со цел да го заштити слободниот проток на глобалната трговија.

Велика БританијаГрант ШепсЦрвено Море