Мандат на Судскиот совет е да обезбеди правилно и транспарентно функционирање на судството во оваа земја, со жалење можам да кажам дека видовме малку докази за исполнувањето на овие свети обврски, вели амбасадорката на САД во Скопје, Анџела Агелер, за случувањата во Судскиот совет.
За случувањата во Судскиот совет и постапувањето на ова тело во однос на политичките притисоци врз Врховниот суд, Анџела Агелер во изјава за телевизија Алсат, вели дека граѓаните заслужуваат подобро.
„Мандат на Советот е да обезбеди правилно и транспарентно функционирање на судството во оваа земја. Со жалење можам да кажам дека видовме малку докази за исполнувањето на овие свети обврски. Луѓето во оваа земја заслужуваат подобро. Сè уште не сум ја видела одлуката на Апелациониот суд да ги отфрли обвиненијата во случајот ‘ТНТ‘, но внимателно ќе ја испитаме со надеж дека одлуката ќе биде транспарентна и во согласност со законот“, порача Анџела Агелер во изјава за Алсат.