Голема загриженост во Сараево
Вкупно 23 граѓани на Босна и Херцеговина се наоѓаат во Појасот Газа и сите во очај чекаат евакуација , соопшти Министерството за надворешни работи на Советот на министри на Босна и Херцеговина.
Зборував со доктор кој работи веднаш во близина на преминот. Има две ќерки и вели дека се плаши за нив, за нивното ментално здравје… има огромна концентрација на луѓе и сите чекаат одобрение да го отворат преминот – изјави Сабит Субашиќ, амбасадор на Босна и Херцеговина во Египет за N1 во Сараево.
Тој објасни какви активности се преземени за евакуација на граѓаните од Појасот Газа.
– Се обидуваме да ги евакуираме. Тоа се различни категории на луѓе, има и такви што имаат БиХ пасоши кои не им важат, како и оние кои се блиски роднини на носители на БиХ државјанство. Ние сме во контакт со повеќето од нив, ја следиме ситуацијата и се обидуваме да помогнеме – изјави Субашиќ.
Тој додаде дека вчера неговиот заменик бил во Исмаилија, град кој се наоѓа недалеку од граничниот премин Рафа, со цел да чека и да биде во близина кога ќе биде донесена одлуката за ослободување на преминот.
-Тој моментално е таму со многу други амбасадори. Имаме интензивни комуникации. Тоа е широка активност. Кога ќе се реши, сега не се знае. Зборував со пријатели кои се на високи позиции во Египет и не можат ништо да кажат, но мислам дека се создава атмосфера и дека преминот треба да се отвори многу брзо – изјави Субашиќ.
Министерството за надворешни работи соопшти дека е формиран кризен штаб кој ќе ги координира активностите за евакуација на граѓаните на Босна и Херцеговина.