Граѓаните на Северна Македонија ја плаќаат најскапата цена за електрична енергија за домаќинствата во регионот, покажуваат најновите податоци објавени од Евростат за 2024 година. Според податоците, за потрошувачите во Северна Македонија, просечната цена за киловат/час е 0,0989 евра.
Во споредба со другите земји од регионот, Албанија и Црна Гора плаќаат 0,0929 евра, односно 0,0894 евра за киловат/час, додека Косово има најниска цена на струјата од 0,0659 евра за киловат/час.
Ако ги погледнеме податоците за тоа колку плаќаат другите земји, особено земјите-членки на ЕУ како Унгарија, може да се види дека просечната цена на киловат час потрошена електрична енергија е 0,0861 евро, што е пониска од цената во Македонија, Албанија и Црна Гора.