‘ГРАЃАНИТЕ’ СЕ НОВИ ЛИДЕРИ НА ТАБЕЛАТА! Манчестер Сити славеше против Фулам за првото место во Премиер лигата

Фудбалерите на Манчестер Сити денеска во Лондон го победија Фулам со 2:1, во натпреварот од 34. коло на Премиер лигата.

Манчестер Сити поведе во третата минута, кога Ерлинг Халанд погоди од белата точка. Тоа беше јубилејниот 50-ти гол сезонава за норвешкиот напаѓач.

Фулам израмни преку Карлос Винисиус во 15. минута, а Јулијан Алварез му донесе победа на Манчестер Сити во 36. минута.

Манчестер Сити по осмата последователна победа го зазеде првото место во Премиер лигата со 76 бодови, односно има еден повеќе од второпласираниот Арсенал со натпревар помалку. Фулам е 10-ти со 45 бодови.

Следниот натпревар Манчестер Сити го игра на домашен терен против Вест Хем, додека Фулам гостува кај Ливерпул.

Манчестер СитиПремиер лигафудбалФулам