Граѓаните се уште ги немаат добиено парите од мојот ДДВ во последните три месеци. Револтирани се, бидејќи цело време ги скенираат фискалните сметки, но парите не стигнуваат до нивната жиро сметка. Надлежните велат дека во моментов нема пари во буџетот, но граѓаните не веруваат во такво нешто.
Причината зошто не може да се исплати во овој период, директорката Елена Петрова вели дека претходното раководство не планирало доволно средства за цела 2024 година.
Инаку, повратната вредност е 15% од данокот на додадена вредност од секоја фискална сметка. Враќањето на даночниот дел се врши преку жиро-сметка на граѓанинот во рок од 60 дена по истекот на тримесечната календарска година во која е издадена фискалната сметка