– Министерството за економија информира дека и во 2023 година ќе продолжи со субвенционирање на сметките за струја за домаќинствата со ниски приходи и ги повикува граѓаните да аплицираат до крајот на овој месец.
Јавниот конкурс за оваа мерка е објавен на 27 јануари на веб-страницата на Министерството за економија и ќе трае до крајот на февруари.
Како што посочуваат од Министерството за економија, за оваа мерка се обезбедени 60 милиони денари, а од сметката за струја на домаќинствата ќе се субвенционираат од 600 до 800 денари во зависност од вкупните месечни приходи што ги остваруваат.