Грета Тунберг го посети Тетово

Шведската активистка за животна средина и климатски промени, Грета Тунберг, денес престојуваше во Тетово. 

Таа ги посети работите за новите простори на Социо-културниот центар во Тетово, познат и како Простор Тетово.

„Го посетивме новиот простор каде што се селиме, каде што во текот на изминатата недела, волонтерите од нашата заедница, заедно со повеќе од сто волонтери од нашата меѓународна мрежа во Белгија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина, интензивно работеа за да ја овозможат оваа транзиција“,  информираа од Социо-културниот центар. 

Свеченото отворање на новите простори ќе се одржи утре во 18:00 часот. 

Пред да дојде во Северна Македонија, Тунберг учествуваше на пропалестинскиот протест што се одржа во Тирана. 

Да потсетиме дека Тумберг неодамна беше депортиран од Израел поради обид да дистрибуира хуманитарна помош на цивилите во Газа кои умираат од глад на бродот „Мадлен“.

На 10 јуни, бродот „Мадлен“ беше запрен од израелските сили во меѓународни води, по што Тунберг се качи на лет за Франција, од каде што продолжи кон Шведска.