Емоционално
- Пишувајте си секој тефтер секој за себе позитивни и убави рабоити и белешки
- Да си ги изразите чувствата и да се разговара на таа тематика
- Почесто да се кажува зборот ТЕ САКАМ
- Покрај зборот Те сакам, да се бакнува почесто партнерот или партнерката, но и детето исто така
- Да се функционира како семејна функционална системска заедница во која што се негуваат емоциите како на пример: љубов, прегратка, топлина, бакнежи помеѓу двата родители и посебно со детето како на пример: односост помеѓу детето и родителите)
Физичко
- Прошетка
- Одење на базен
- Планинарење
- Кампување
- Пешачење
Спиритуално
- Да се практикува да се вежба позитивно зборење за себе
- Да напишете зошто сте благодарни
- Заеднички да се посади садница која што ќе ја одгледувате заедно
- Еднаш неделно да се посетува омиленото место на сите членови од семејството
Ментално
- Да се разговара заеднички
- Да се цртаат илустрации заедно од приказните или да се пишува нешто поврзано од приказната
- Медитација за родителите
- Да се вежба дишењето и издишувањето покрај родителит
- Да се играат умствени игри од типот на меморија, сложувалки, не лути се човече
Практично
- Да биде чиста просторијата во која што семејството престојува
- Да се соберат заеднички играчките со кое што вашето дете си играло
- Заеднички направете го списокот за купување, заеднички наместете ја и соберете ја масата, заеднички пружете и соберете ги алиштата
- Помогнете му на вашето дете ако има потешкотии при учење на некоја лекција или пишување на некоја домашна задача ако не ја разбира
Социјализација
- Играње во парк со други деца
- Повикајте ги вашите роднини во вашиот дом или посетете ги вашите роднини во нивниот дом заедно со вашите деца
- Имајте фамилијарни вечери
- Испланирајте заеднички активности со кои ќе ги видите сите ваши роднини и нивните деца во викендица, во парк, во вашиот дом, во ресторан и така натаму
Религија
- Родителите да не ги омаловажуваат религиозните други пред децата за да не се создаде религиска дискриминација и етничка кај децата
- Да се дозволи на детето да се социјализира со религискиот друг за да се развие религиска толеранција кај детето кое што е со друга религиска вероисповед.
- Во однос на омразата кон религискиот друг потекнува од првичната социјализација на децата односно од самото семејство, ако во семејството тој религиски друг се омаловажува, навредува и дискриминира од страна на родителите тогаш голема е веројатноста да и децата ќе почнат да го мразат и религискиот друг.
- Заеднички да се посети црквата/џамијата како религиска институција
Технологија
- Одреден ден од денот да се употребува таблет или телефон со временска определба кај децата, а останатиот дел од денот родителите заедно со децата да цртаат и бојат
- Константното седење пред компјутер и нивната употреба кај децата не влијае убаво по нивното здравје затоа што можат да си го расипат видот и да почнат да носат очила и да дојде до искривување на рбетниот столб
- Пандемијата која што е предизвикана од вирусот Ковид-19 направи децата да бидат уште повеќе зависни од технологијата бидејќи поголемиот дел од времето го поминуваа се во домашни услови поради карантините и домашните изолации, ако во семејството постои член кој е позитивен на вирусот.